Насловна / Арт и дизајн / Колекција за софистицирани бањи

Колекција за софистицирани бањи

Производителот на керамика Scarabeo го претстави CROSS, новото решение за уредување ентериери, кое бањите ги претвора во деликатно, оригинално и фасцинантно место.

2_resize

CROSS создава нова атмосфера, каде дрвото се сртенува со керамиката во совршен спој на материјали и завршна обработка.

Дрвената подлога со кружни елементи, придружени со керамички уметоци, подржува кружен керамички врв кој може да прими 14 видови мијалници од колекцијата Scarabeo (Bucket, Glam, Mizu, Thin-Line, Shape).

1_resize

Дрвото може да биде светло или темно, а керамиката на горниот дел доаѓа во девет различни завршни обработки, за да совршено се прилагоди на трендовите и создаде модерен изглед на просторот во бањите.

3_resize

CROSS содржи и мала масичка која совршено се вклопува, правејќи ја бањата истовремено и функционална.

Палетата на додатоци, која вклучува огледала, полици и држачи за пешкири, е завршен допир на префинет изглед, каде секој детал е јасен знак на прецизен дизајн.

6_resize 7_resize 4_resize

Испрати коментар

Scroll To Top