Насловна / Арт и дизајн / Колекција за екстериер за летните жештини

Колекција за екстериер за летните жештини

Доколку врелите денови ве инспирираа да ги средите дворовите, балконите и терасите, ви претставуваме совршени идеи.

Брендот Roche Bobois ја лансираше својата колекција за екстериер, која содржи се што ви треба за да уживате на отворено – удобен, модуларен тросед во јарки бои и дезени, лежалки што ќе ве намамат да дремнете попладне, како и маси и табуретки кои ве покануваат да ги соберете вашите пријатели и да направите забава што ќе се памети долго време. Секоја нивни новитет ќе ви помогне да го освежите вашето опкружување на вистински начин.

0_resize

1_resize

Informel Outdoor 

Особено се истакнуваат линиите Informel Outdoor и Mah Jong Outdoor, при што Informel се состои од две софи и две фотелји, покриени со ткаенина која за надворешна употреба ја креирал Hans Hofer. Ексклузивниот текстил е нежен на допир и еластичен, додавајќи уште една доза на конфор на дизајнот. Mah Jong се гарнитури со убави бои и дезени кои едноставно и брзо се претвораат во лежалки.

2_resize

3_resize

Mah Jong Outdoor

Линијата Pekin содржи и надворешна светилка дизајнирана од Gabriel Teiksido. Потсетувајќи не на стап за риболов, оваа светилка може да се прилагоди на секоја ситуација.

8_resize 9_resize 5_resize 6_resize 7_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top