Насловна / Архитектура / Колеџ Amstelveen од DMV Architects

Колеџ Amstelveen од DMV Architects

Amstelveen College (2)
Иновативниот и практичен архитектонски дизајн на новиот објект за колеџот Амстелвен претставува дело на студиото DMV Architects, образувајќи единствена целина со ентериерниот дизајн, опремата, партерот и типичниот холандски паркинг за велосипеди.
Amstelveen College (4)
Структурата дефинирана од четири ката и дизајнирана како отворена галерија, го сместува во себе средното училиште, сегрегирајќи го на седум помали оддели. Конципирањето на просторната и програмска организација се поистоветува на активностите и потребите кои секој поединец ги извршува во својот дом, создавајќи пријатна и релаксирана атмосфера низ образовната институција.
Amstelveen College (5)
Amstelveen College (9)
Amstelveen College (1)
Секој од седумте сектори има свој сопствен влез и еднаков надворешен простор во облик на јужно ориентирана тераса. Со цел да се потенцира диференцијацијата и индивидуалноста на одделите, секој се специфицира со одредена боја, додека пак заедничките зони и катчиња, како главното скалиште, аудиториумот, атриумот, како бафер зони се обоени во природна нијанса на зелена боја.
Amstelveen College (6)
Amstelveen College (8)
Amstelveen College (3)
Екстериерот на објектот се карактеризира со црна, сјајна ѕидана обвивка, на која ритмично се поставени прозорците и влезовите, препознатливи по големи доминантни отвори. Обликуван како скулптура, објектот целосно соодветствува со сопствената програмска содржина, како и неминовно се асимилира со непосредното пејзажно опкружување.
Amstelveen College (7)

Испрати коментар

Scroll To Top