Насловна / Арт и дизајн / Кој мост се наоѓа зад Мона Лиза, италијанскиот историчар тврди дека знае

Кој мост се наоѓа зад Мона Лиза, италијанскиот историчар тврди дека знае

Жителите на еден мал град во Тоскана се возбудени од новите тврдења дека дел од позадината на најпознатиот портрет на светот – Мона Лиза на Леонардо да Винчи – припаѓа на нивниот град.

Италијанскиот историчар Силвано Винчети изјави дека нема сомнеж дека Да Винчи го насликал мостот Ромито ди Латерина во провинцијата Арецо во пејзажот зад енигматичниот лик на Мона Лиза.

03

Да Винчи го насликал портретот во Фиренца на почетокот на 16. век, а идентитетот на жената на ремек-делото – за која се верува дека е Лиза дел Џокондо – е жешка тема како и позадината на сликата.

Според некои теории, мостот во позадина е Понте Буриано, во близина на Латерине, додека други сметаат дека се работи за Понте Бобио во Пјаченца.

01

Од друга страна, Винчети користејќи историски документи, фотографии и снимки од дрон дошол до заклучок дека станува збор за етрурско-римскиот мост Ромито.

Најочигледен детал, како што вели, е бројот на лаците – четири. Понте Буриано има шест, додека Понте Бобио има уште повеќе.

0

До денес, само еден лак на Ромито, кој се протега преку реката Арно, останал целосен. Документите на семејството Медичи што се пронајдени во архивите покажуваат дека помеѓу 1501. и 1503. година мостот бил многу прометен со сообраќај.

02

Винчети наведува дека токму во тој период Да Винчи престојувал во областа, прво во служба на кардиналот Чезаре Борџија, а потоа и на Пјеро Содерини, државник од Фиренца.

Со мерење на ширината помеѓу речните брегови и користење на должината на преостанатиот лак на мостот, италијанскиот историчар утврдил дека би биле потребни точно четири лака за да се премости реката.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top