Насловна / Вести / Кој би можел да биде најголем конкурент на Tesla, на пазарот на електрични автомобили?

Кој би можел да биде најголем конкурент на Tesla, на пазарот на електрични автомобили?

Традиционалните производители на автомобили, како и технолошки стартапи, инвестираат милијарди долари во развој на електрични возила и батериски технологии. И покрај бројните турбуленции на крајот на минатата година кои влијаеа и врз големиот пад на цената на акциите на Tesla, оваа компанија и натаму е доминантна на пазарот на електрични автомобили, а Илон Маск и екипата можат да бидат и повеќе од задоволни од финансиските резултати во последниот квартал.

byd1

 

Сепак, со оглед на фактот дека речиси сите (големи) автомобилски компании инвестираат сериозни средства во електрификација, јасно е дека конкуренцијата на пазарот значително ќе се зголеми и притисокот на Tesla ќе биде се поголем. Тоа му е јасно и на Маск, кој во текот на претставувањето на деловните резултати, зборувал и за конкурентите и посебно се осврнал на кинеските производители на автомобили како Xpenga, Nia и други. „Имаме големо почитување за производителите на автомобили во Кина. Тие се најконкурентни на светот, највеќе и најпаметно работат“, рекол Маск и додал дека најверојатно некоја кинеска компанија би можела да стане нивен најголем конкурент и дека ќе го заземе второто место на овој пазар. Моментално најголема конкуренција на Tesla на кинескиот пазар е BYD. Оваа компанија, во која има инвестирано и Ворен Бафет, минатата година продала над 911.000 електрични автомобили, а заедно со plug-in хибридите, тој број изнесува 1,8 милиони. Што се однесува до Tesla, минатата година испорачала 1,3 милиони автомобили.  Со цел да ја зголемат продажбата во овие глобални услови полни со предизвици, Tesla е присутна на бројни пазари вклучувајќи го и кинескиот. Кинеските компании се разбира не се единствени, а веројатно не се ниту најголеми конкуренти на Tesla, и покрај споменатите коментари на Маск. Имено, своите планови на овој пазар имаат и традиционалните производители на автомобили. Најамбициозен во моментот е Volkswagen. Германскиот автомобилски гигант најави инвестиција од над десет милијарди долари во развој и производство на електрични автомобили и батериски технологии и се надеваат дека веќе за две години би можеле да ја престигнат Tesla и да станат најголем производител на електрични автомобили на светот.

byd2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top