Насловна / Архитектура / Кои се најдобрите хотели во Европа во 2022 година?

Кои се најдобрите хотели во Европа во 2022 година?

Европа секоја година добива голем број нови хотели, за само посебните се издвојуваат по своите квалитети. Во изборот за најдобар хотел на Стариот континент, оваа година критериумите се проширени не само на квалитетот на услугата туку и на локацијата на која се наоѓаат. На листите на најдобрите, рангирани од различни субјекти, сепак следните најчесто се во врвот, од кои дури четири се сместени во Франција.

1. Hotel Motto – Австрија. Во Виена овој хотел се истакнува по својата домашна атмосфера и по пристоен сооднос на цената и квалитетот. Изграден е со особено внимание на сите детали, го пресликува духот на 20-тите години од минатиот век, во комбинација со модерниот начин ан живот. Цените за едно ноќевање се од 225 американски долари.

хотел1

2. Bulgari hotel – Франција. Сместен е во Париз, поседува 76 сместувачки единици, а на гостите им се пружа можност да избираат фотографии од комапнијата Bulgari. Најниската цена за едно ноќевање е 1.655 американски долари.

хотел2

3. Hotel Madame Reve – Франција. Некогашната пошта која работела 24 часа, сега е претворена во прекрасен хотел со поглед на Париз. Содржи 82 сместувачки единици, а некои од нив се исклучително луксузно опремени. Една од атракциите на овој хотел е француско – јапонскиот ресторан. Цените за ноќевање почнуваат од 500 американски долари.

хотел3

4. The Maybourne Riviera – Франција. Поседува вкупно 69 сместувачки единици, а од терасата на ресторанот с епружа прекрасен поглед на блиската плажа. Само некои од атракциите на овој хотел се затворената ботаничка градина и затворената холистичка бања, Цените на собите стартуваат од 865 американски долари.

хотел4

5. Saint James Hotel – Франција. Станува збор за единствениот хотел – замок во Париз. Претходно била приватна резиденција со пространа градина. Потсетува на грчките и римските терми. Цените за ноќевањата се движат од 620 американски долари па нагоре.

хотел5

 

Испрати коментар

Scroll To Top