Насловна / Архитектура / Куќата (Be)hide на Тајланд проектирана следејќи ги постоечките дрвја

Куќата (Be)hide на Тајланд проектирана следејќи ги постоечките дрвја

Локација североисточно од Банког во селото со голф терени Nawathani, преполна е со големи стебла.  Со цел да се зачуваат дрвјата, обликот на објектот, куќата (Be)hide, проектирана е следејќи ги постоечките дрвја, заедно со совршено вклопена функција.

01house-behide-11-fb (1)

Постои ривалитет помеѓу постојните дрвја и архитектурата, осум метарското растојание меѓу две големи стебла на предниот ѕид, го одредило влезот за автомобилот сместен на левиот дел од куќата, додека повеќе дрвја кој се наоѓаат на предната десна страна на локацијата, делуваат како мал преден двор. Покрај тоа, најголемото, дрвото малабар, кое е во центарот на локацијата, се користи за приватен простор за релаксација.

1house-behide-01-fb-1

2house-behide-02-fb-2

Со оглед на тоа што оваа куќа е наменета за пет лица, брачен пар со три деца, архитектите од бирото TOUCH Architect предвиделе четири спални соби на првиот кат, дневната соба, трпезаријата и кујната се на приземјето, заедно со заедничка игротека за целото семејство, скриена со ѕид на предниот дел од куќата. Од главниот влез, куќата не може да се види и реализира внатрешниот простор, но ги привлекува луѓето да ги гледаат дрвјата со рефлектирачки црн ѕид како позадина, што е повпечатливо кога зеленото е на црна подлога и удвојувањето на дрвјата како одраз на сјајниот материјал.

1house-behide-01-fb-5

1house-behide-01-fb-2

Наспроти ова, зад ѕидот има многу стаклени прозорци кои се во контакт со надворешната градина, особено подигнатата заедничка игротека која е најблиску до дрвото малабар. Големата дрвена тераса служи како заеднички простор помеѓу сите простории. Стаклениот кров на главната спална соба, исто така овозможува внатрешниот простор да се поврзе со постоечкото дрво малабар.

2house-behide-02-fb-11

2house-behide-02-fb-8

2house-behide-02-fb-6

house-behide-14-fb

house-behide-12-fb

house-behide-16-fb

house-behide-17-fb

house-behide-10-fb

house-behide-21-fb

house-behide-22

jinnawat-borihankijanan-1 plan1 plan2 roof

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top