Насловна / Архитектура / КОАИ: Покана за предавања за употреба на Autodesk алатки и Autodesk решенија

КОАИ: Покана за предавања за употреба на Autodesk алатки и Autodesk решенија

Комората на овластени архитекти и овластени инженери во соработка со Smart Solutions – авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, ве канат да ни се придружите на Autodesk предавање во живо – осмиот настан од низата BIM активности оваа година.

Предавач на овој настан ќе биде Владан Ѓуриќ од компанијата TeamCAD од Белград, Србија. Ќе бидат одржани две предавања: „Колаборација во област на проектирање во високоградба со употреба на Autodesk алатки, почетни основи и терминологија“ и „Autodesk решенија за колаборација во клауд опкружување“.

KK

Настанот ќе се одржи на 13.12.2023 (среда) во просториите на Комората, со почеток во 09:30 часот.

АГЕНДА НА НАСТАНОТ:

09:30-10:00 – регистрација и кафе за добредојде

10:00-10:05 – добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions

10:05-11:05 – Владан Ѓуриќ, TeamCAD, Белград, Србија |„Колаборација во област на проектирање во високоградба со употреба на Autodesk алатки, почетни основи и терминологија“

11:05-11:25 – кафе пауза

11:25-12:25 – Владан Ѓуриќ, TeamCAD, Белград, Србија |„Autodesk решенија за колаборација во клауд опкружување“

12:25-12:45 – прашања и одговори

ПРЕДАВАЧ:

Владан Ѓуриќ – Сениор менаџер за продажба во компанијата TeamCAD, Белград, Србија. Работи во продажба и консалтинг и има повеќе од 30 години искуство во област на пренесување на знаење и примена на технологии, со специјализација за Building Information Modeling (BIM) и Geographic Information Systems (GIS). Има повеќе успешно реализирани проекти, иновативни решенија и услуги на имплементација во динамичното опкружување на AEC индустријата (градежништво, архитектура, инженеринг) и во област на примена на геопросторни податоци.

ИНФОРМАЦИИ ЗА НАСТАНОТ  :

Дата и час: 13 декември 2023 година (четврток), 09.30 часот

Локација: Сала на Комора ОАИ

Слободни места: 80

ВАЖНО: Регистрацијата се врши на веб страната на Комората РЕГИСТРАЦИЈА

ккк

Испрати коментар

Scroll To Top