Насловна / Архитектура / КОАИ ги поканува младите да ја искористат можноста за професионална обука во Германија

КОАИ ги поканува младите да ја искористат можноста за професионална обука во Германија

Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве поканува да ја искористите уникатната можност за професионална обука во Германија организирана од GIZ, во соработка со Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) и Северна Рајна-Вестфалија (NRW)!

За што станува збор?

Оваа програма е наменета за млади таленти, со фокус на области како урбистичко планирање, архитектура, циркуларна економија, обновлива енергија, дигитализација и зелена економија. Преку практична обука во Германија, ќе стекнете меѓународно искуство, вештини по европски стандарди и можност за професионален развој.

Кој може да учествува? 

Студенти (5+ семестри), неодамнешни дипломци и млади професионалци со помалку од една година работно искуство.

Зошто да аплицирате? 

Ова е шанса да ја унапредите вашата кариера, да се поврзете со меѓународни мрежи и да придонесете за одржлив развој во вашата земја!

Дознајте повеќе и аплицирајте!

Сите детали за програмата, критериумите и начинот на аплицирање се достапни на: https://www.giz.de/en/worldwide/125516.html 

Не пропуштајте ја оваа можност да го обликувате вашето професионално иднина!

#TrainingProgram 

Испрати коментар

Scroll To Top