Насловна / Вести / „Кнауф Македонија“ – активиран софтвер за пресметка на енергетска ефикасност на објекти

„Кнауф Македонија“ – активиран софтвер за пресметка на енергетска ефикасност на објекти

knauf_07

На веб страницата на „Кнауф Македонија“ е активиран софтверот за пресметка на енергетска ефикасност на објектите. Станува збор за програма направена на основа на македонскиот правилник за енергетски карактеристики и енергетска контрола на објекти, а кој е на македонски јазик и со климатски податоци за сите градови во земјава. Програмата изработува и енергетски пасош со сите податоци кои ги бара македонската регулатива.
„Самата програма е создадена на основа на македонските правилници за енергетска ефикасност, па така, параметрите кои ги бара, начинот на кој ги пресметува, како и документите кои ги спрема и печати се во целосен склад со она што законот го бара од архитектите при подготовка на проект за високоградба или при одредување на енергетска класа на анализираниот објект. Целта ќе биде постигната ако на архитектите им помогнеме побрзо и со поголема точност да ја завршат работата“, велат од „Кануф Македонија“.

knauf_09
Инаку програмата ја има изработено Александар Рајчиќ, професор од Србија, кој врз основа на српската верзија ја има направено македонската програма, кои меѓусебно се разликуваат поради различните правилници.
„На веб страницата на Кнауф Македонија веќе е достапна програмата која многу едноставно се симнува, не тежи многу и не мора да се инсталира. Кога ќе се отвори се бара да се внесат основни податоци за архитектот, а потоа има опција да се избере меѓу тоа дали ќе се работи нов проект или веќе отворен од претходно. Кога ќе се отвори нов проект се бара да се внесе типот на зградата, категоријата и видот и да се пополнат полињата кои го опишуваат проектот каде може да се закачат и слики“, ја објаснува програмата Рајчиќ.

knauf_04
Исто така, постои прозорче во кое треба да се пополни корисната грејна површина, волуменот на обвивката и волуменот на грејниот простор во објектот. Следните чекори, додава Рајчиќ, се поврзани со локација каде со само еден клик се отвора табела со дневните податоци за сите денови во годината и со влијанието по источна, западна, северна и јужна ориентација. Други податоци кои се внесуваат се изложеност на ветер, конструкција, се дава технички опис. Кога целата програма ќе се исполни со сите податоци кои ги бара се добива енергетскиот пасош за објектот, вели Рајчиќ.knauf_10
Освен презентацијата на програмата за пресметка на енергетска ефикасност на објекти, луѓето од Кнауф на овој настан ги презентираа и новитетите кои доаѓаат од кај нив, а тоа се ЛДС системи, зелени кровови, изолација со шприцање на материјалот и ЦЛТ Ц1 ламели со силикатен премаз.

Еден коментар

  1. dokolku nekoj go pronajde linkot na koj se downloadira ovoj software neka go postira vo komentar.. jas nekako nemozam da go vidam na web na http://www.knauf.com.mk/

Испрати коментар

Scroll To Top