Насловна / Арт и дизајн / Клупа пред Нобеловиот центар која поттикнува разговор

Клупа пред Нобеловиот центар која поттикнува разговор

Архитектонското биро Snohetta, познато по значајни архитектонски дела ширум светот, ги здружи силите со други две норвешки компании, производител на алуминиум Hydro и производител на мобилијар Vestre за заедно да креираат клупа на мир – урбан мобилијар кој симболизира поврзување на луѓето.

клуп3
Оваа несекојдневна клупа е направена по нарачка на Нобеловиот центар за мир од Осло. Клупата симболично претставува мост меѓу нациите, но и насмевка која ги поттикнува луѓето да се зближат.

Инспирирани од цитатот на Нелсон Мендела, првиот демократски избран претседател на Јужна Африка, дека најдоброто оружје е да се седне и разговара, клупата го добила и официјалното име The Best Weapon.

клуп1
Клупата чиј дизајн е воден од идејата за постигнување на единство помеѓу народите, поставена е привремено минатиот месец на влезот во Обединетите нации во Њујорк во време кога се одвиваше 74. заседание на Генералното собрание на ОН.
„Клупата создава платформа за интеракција. Таа е ултимативен придвижувач на разговор, имајќи ја во предвид нејзината форма со која ги потикнува луѓето да седат и разговараат“, вели за Curbed, Jan Christian Vestre, директорот на Vestre.
„Бидејќи клупата е соработка помеѓу повеќе норвешки компании, таа покажува што се може да се постигне кога ќе се здружат културата, дизајнот и производството“, додава Jan.

клуп2
Клупата тешка 370 килограми и долга 6.4 метри направена е во Норвешка, потоа елоксирана во Шведска, а дури потоа следува транспортот во Њујорк во дрвен сандук, специјално направен за да може клупата во едно парче да стигне до локацијата.
Структурата само со средишниот дел го лежи на тлото, па навистина би било незгодно некој да одлучи да седне на крајот на клупата, така што овој факт ги поттикнува луѓето да седат едни покрај други, што би требала да го поттикне и разговорот.
Пред три дена клупата е преместена на својата трајна локација во близина на Нобеловиот центар за мир и Градската куќа во Осло, каде секоја година се доделува Нобеловата награда за мир.

Испрати коментар

Scroll To Top