Насловна / Вести / Ќе се урива дивоградбата на кафе барот „Бастион“

Ќе се урива дивоградбата на кафе барот „Бастион“

Вчера, општина Центар го затвори дивото градилиште на угостителскиот објект „Бастион“, кој се наоѓа на улицата „Ленинова“ во Дебар Маало.

На 9 февруари оваа година, овластениот градежен инспектор на општина Центар донесе решение со кое се наредува на инвеститорот Томислав Алексовски да ја отстрани челичната конструкција со димензии 12 x 10 метри и да ги врати срушените скали во првобитна состојба. Сето ова е изградено без одобрение за градење.Bastion

Инвеститорот го примил решението и не само што не престанал и не ја вратил градбата во првобитна состојба, туку изградил доградба под челичната конструкција и бетонска платформа, со димензии 12 x 10 метри. И ова, инвеститорот го изведувал без одобрение за градење.

Инспекторот на општина Центар издал решение дивоградбите да се отстранат во рок од три дена, во спротивно ќе се пристапи кон присилно уривање на дивоградбата.

Жалбата против ова решение не го одлага извршувањето и општина Центар распиша јавна набавка за избор на фирма која ќе го изврши уривањето, а потоа ќе побара и асистенција од МВР.

Испрати коментар

Scroll To Top