Насловна / Арт и дизајн / Adidas со 3D принтери до сериско производство на спортски обувки

Adidas со 3D принтери до сериско производство на спортски обувки

Германскиот производител на спортска опрема и обувки Adidas ќе започне наесен со сериско производство на спортски обувки од 3Д принтери.

Спортските обувки најпрво ќе бидат произведени во Speedfactory во Ансбах (Германија), а подоцна во слична фабрика во Атланта (САД), објавија од Adidas.адидас_3

Во среден рок планирано е годишно да се произведуваат околу 500.000 пара патики во секој од флексибилните производствени погони.адидас_2

Германската групација сака пофлексибилно да реагира на трендовите и да излегува побрзо со нови производи на пазарот, објасни портпаролот на Adidas.адидас_5

Новиот производствен процес ќе биде интегриран за првпат на новиот модел на патики Futurecraft 3D.

Моделот ќе се разликува пред се по иновативното производство на ѓонот во однос на другите спортски обувки. На есен би требало во продавниците да пристигнат првите 5.000 пара, а следната година нивниот број би требало за биде 100.000, потенцираше портпаролот на Adidas.адидас_4 адидас адидас_1

За разлика од претходните 3D методи на печатење на ѓонот, сега тој ќе се добива од течна смола.

Испрати коментар

Scroll To Top