Насловна / Вести / Ќе се гради најголемата соларна фарма во светот

Ќе се гради најголемата соларна фарма во светот

Пакистан и Кина планираат да ја градат најголемата соларна фарма во светот со вкупно 400 000 соларни панели. Ова е првиот проект од ваков тип во Пакистан и истиот зафаќа вкупна површина од 5000 метри квадратни во пустината Punjabi, сега уште позната под името Quaid-e-Azam Solar Power Park.

Вкупната инвестиција за изработка на проектот изнесува околу 130 милиони долари, а нејзнин инвеститор е кинеската компанија Xinjian Sunoasis која што планира за да го заврши проектот за три месеци.

слика-1

Истиот овој проект претставува дел од мегапроектот наречен ,,Кина-Пакистан економски коридор”, којшто треба да биде завршен во 2017 година и истиот опфаќа околу 5.2 милиони фотоволтаични ќелии кои што произведуваат 1000 мегавати електрична енергија која е доволна за снабдување на 320 000 домови.

Главната причина за големото количество на произведена електрична енергија е самата локација која што овозможува дури 13 часовно изложување на сонце на соларните панели секојдневно.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top