Насловна / Вести / Ќе се гради најголемата пловечка структура од ветерници во Шкотска

Ќе се гради најголемата пловечка структура од ветерници во Шкотска

Шкотска неодамна го објави проектот за најголемата пловечка структура од ветерници, која треба да обезбеди електрична енергија за приближно 20.000 домови во Шкотска. слика-1Сопственикот на ветерниците, норвешката компанија Statoil, којашто е водечка компанија за енергетика и производство на гас во својата земја, доби дозвола од шкотската влада за стартување на проектот. Најпрво се поставени само пет пловечки турбини кои ќе произведуваат по шест мегавати електрична енергија.слика-2 Пловечките ветерници се инсталирани на 25 километри од Peterhead, а технологијата што се користи за нивно поставување се базира на користење посебен систем со кој ветерниците се прикачуваат за дното на океанот. На пловечките турбини се поставени кабли преку кои ќе се пренесува електричната енергија до Peterhead.

слика-3 слика-4 слика-5

Испрати коментар

Scroll To Top