Насловна / Архитектура / Кинезите ја замрзнуваат „Коцката вода“

Кинезите ја замрзнуваат „Коцката вода“

Се сеќавате ли на двете најимопозантни спортски борилишта изградени за Олимписките игри во Пекинг 2008 година? На стадионот попоуларно наречен „Гнездо“ и веднаш до него „Коцката вода“, центарот за водени спортови?

ице4
Со своите футуристички фасади и функционална внатрешност се вбројуваат во ремек дела на архитектурата. „Коцката вода“ наскоро ќе добие ново руво. Подобро кажано нова агрегатна состојба.

ice1

Пекинг се спрема за Зимските Олимписки игри 2022 година и му треба сала за спортови на мраз. Некој би се пошегувал дека само треба да се замрзне „Коцката вода“ и ќе со добие „Коцка мраз“. Така размислуваат и кинезите и не се шегуваат.

ице7
Овие денови отпочната е завршната фаза на реконструкцијата на салата за истата да стане борилиште за хокеј, уметничко лизгање и карлинг. Досега се сменети натписите и промотивната декорација, се менуваат клима уреди и се додава систем за отстранување на влагата од воздухот.

ице9
Салата сега званично е „Коцка мраз“ („Ајс кјуб“) и ја очекуваат многу пообемни работи. Четирите големи олимписки базени и исто толку мали ќе бидат преправени така да бидат поплитки привремено, погодни за брзо замрзнување.

ice2
Тука ќе бидат и главниот и помошниот терен за хокеј и уметничко лизгање. За карлингот нема место ниту во салата, ниту покрај нејзе, но затоа има под салата. Источно од салата се копа девет метри под површината на земјата за сала со писти за карлинг која ќе биде поврзана со тунели со постоечката сала.

ице6
Главниот терен наместо 13.000 гледачи колку што имаше за Летните Олимписки игри 2008 сега ќе биде за дупло помалку посетители, но во поквалитетни услови.
За време на Зимската Олимпијада салата ќе троши дупло помалку струја од потрошувачката за време на летните игри благодарение на користењето на соларна енергија.

ице8

Во специјални седишта гледачите ќе имаат можност со посебни наочари со систем на виртуелна стварност да ги гледаат натпреварите од разни агли, да се чувствуваат како да се на самиот лед или непосредно покрај теренот.

робот
Наместо насмеани хостеси, ако залутате, до местото до кое сакате да стигнете ќе ве однесе еден од роботите, кој со помош на посебна навигација ќе се движат низ салата и на гласовно барање ќе ги пружаат потребните информации. (сите роботи се направени во Кина).
Као на организаторите се ова ќе им се исплати? Од завршувањто на игрите 2008 година до крајот на минатата година Нациналниот центар за водени спортови го посетиле 2 милијарди посетители, било како рекреативни пливачи, туристи или учесници или гледачи на едно од 1300-те натпревари и случувања одржани во салата. Во иднина можеби ќе ги има и повеќе. „Коцката“ по потреба ќе се „топи“ и „замрзнува“. Реконструкцијата овозможува за помалку од 90 дена салата да стане пливалиште и обратно, така да ќе може да се организираат различни настани и натпревари.

Испрати коментар

Scroll To Top