Насловна / Вести / Кинески програмери ја подготвуваат играта „Господар на прстените“

Кинески програмери ја подготвуваат играта „Господар на прстените“

Кинескиот гејмерски џин, компанијата NetEase, најавила  стратешко партнерство со Warner Bros Interactive Entertainment на развој на новата видео игра Господар на прстените, зајакнувајќи ја така својата позиција на листата компании во Хонг Конг. Новата, официјално лиценцирана стратешка игра Господар на прстените е базирана на исклучително популарната трилогија на Толкин, истакнуваат во NetEase. NetEase но и други производители на видео игри забележале пораст на заработката во текот на пандемијата, со оглед дека огромен број луѓе во изолација се бавеле токму со видео игри. Изработката на оваа игра претставува уште еден напор на кинеските програмери да излезат од рамките на домашниот пазар, и да ја продолжат соработката со странски компании, како што минатата година тоа го сториле со „Марвел“ и „Покемон“.

NetEase очекува да ги зголеми своите приходи благодарение на странските пазари.

lor1

lor2

lor3

Испрати коментар

Scroll To Top