Насловна / Архитектура / Кинески културен центар во Белград

Кинески културен центар во Белград

Кина гради нов културен центар во Белград, прв на Балканот. Објектот се наоѓа на Нов Белград, на локацијата на некогашната кинеска амбасада уништена за време на НАТО бомбардирањето во 1999 година.

5
Објектот се состои од три функционални целини со вкупно 32.300 метри квадратни. Поделен е на 9 надземни и две подземни нивоа. Подземните нивоа предвидени се за предвидено на 218 возила. Процентот на изграденост на локацијата е 50%, што остава простор за репрезентативни надворешни површини и зеленило. Објектот е мултифункционален, покрај културниот центар проектираноо е и крило за деловни и апратмански простори.

3

Во рамки на центарот проектирани се бројни содржини отворени за граѓаните, мултимедијална сала, сали за презентација, училници и галерии. Деловниот дел се состои од канцеларии за економски претставништва и претставништва од областа на стопанството. Станбениот дел содржи 13 апартмани и 35 соби за сместување на дипломати, вработени и гостински делегации. На врвот од објектот проектирана е кровна градина.

4
Изгледот на објектот е инспириран од кинеското сликарство, пејсажи во туш. Фасадата ќе биде изработена како атрактивна зид завеса, составена од перфорирани алуминиумски плочи, брисолеи и стакло.

11
Проектот на кунескиот културен центар го финансира кинеската групација Shandong Hi-Speed Group, вредноста на објектот проценета е на 45 милиони евра.

6

Проектот е изработен во Кина, а „Енергопрјект“ од Белград е локална подршка. Планирано е објектот да биде завршен до крајот на 2018 година.

8

9

10

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top