Насловна / Архитектура / Кина: Се гради впечатлив музеј инспириран од Јин и Јанг

Кина: Се гради впечатлив музеј инспириран од Јин и Јанг

Симболот Јин и Јанг инспирирал многу архитекти при осмислувањето на различни градби – од куќи, базени до простори наменети како живеалишта за панди. Сега овој симбол влијаел на севкупната форма на впечатливиот музеј проектиран од страна на студиото Muda Architects. Музејот на кинеската медицина “Тианфу“ (TCM) ќе биде сместен помеѓу езерото и главниот пат во Ченгду, во југозападниот дел на Кина.  Проектот е дел од вложувањата на локалните власти во развој на оваа област со цел промоција на кинеската традиционална медицина. Во согласност со тоа, при редувањето на околината посебно внимание ќе биде посветено на изборот на растенијата.

muda1

muda2

 

Зградата ќе има закривени перфорирани алуминиумски панели на западната фасада, со цел да се спречи прекумерно загревање на внатрешноста. Но, на источната фасада е предвиден голем двојно закривен застаклен дел кој ќе овозможи поглед кон езерото и продор на природна светлина. Внатрешноста на музејот ќе има 13.000 квадратни метри, распоредени на три ката и подрум. Првиот кат ќе вклучува влезен хол, интерактивен изложбен простор и трпезација, додека ан горните катови ќе бидат сместени главните изложбени простори и работилници. Во подрумскиот дел се паркинг и сервисни простори. Од студиото Muda Architects истакнуваат дека отсекогаш Јин и Јанг се сметале за комплементарни и меѓусебно зависни во динамина ситуација. Затоа сакале да го проектираат TCM музејот така што ќе ги прикажат спротиставените сили во хармонија и рамнотежа. Нагласуваат дека шемата на музејот ја опфаќа суштината на традиционалната кинеска медицина и хармонично ја вклучува нејзината основна стара филозофија во архитектурата. Музејот треба да биде завршен во текот на 2023 година.

muda3

muda4

Испрати коментар

Scroll To Top