Кина продолжува да доминира со светската енергетика и по вредноста на инвестициите и по иновативноста на проектите. Последниот пример, изведен на отворено море, се наоѓа во источниот дел на земјата. Станува збор за огромна соларна електрана, поставена на челични носачи фиксирани за дното. Постројката се простира на површина од 1.223 хектари, се состои од бифацијални мобули, авкупниот инсталиран капацитет изнесува 1,3GWp. Проектот е развиен од страна на компанијата CHN Energy.

Само во последниот месец од годината што измина, CHN Energy пуштила во погон низа големи и важни постројки. Една од соларните електрани на оваа компанија се наоѓа во близина на границата со Монголија и има капацитет од 425MWp. Изградена е во склоп на проект со систем за складирање на енергија, а посебно е интересен фактот дека локацијата се наоѓа на надморска височина од над 3.000 метри.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија