Насловна / Архитектура / Кенго Кума транформираше старо складиште во современа продавница и кафетерија

Кенго Кума транформираше старо складиште во современа продавница и кафетерија

Познатиот јапонски архитект Кенго Кума, трансформираше старо складиште во Токио во современа огромна продавница и кафетерија. Индустриското складиште „La Kagu“ е изработено од масивни дрвени и челични скали на кои се поставени дрвја, и тие им овозможуваат пристап на посетителите до различни нивоа на објектот.

кенго-кума-1

Новопроектираниот простор им овозможува на посетителите отворен простор за шопинг со големо количество дневна светлина, истовремено создавајќи модерна визија за напуштено складиште. Просторот што претходно служел за складиште на книги, сега е трансформиран во малопродажен простор од 960 метри квадратни во чија програма се вклучени бутик, салон за мебел, книжарница и кафетерија, притоа задржувајќи дел од оригиналните архитектонски елементи.

кенго-кума-2

Кума во својот проект предвидува рушење на постоечките ѕидови со цел да се отвори просторот, и додавање на застаклени прозорци без да се менува самата фасада, со што се добива помодорен изглед на објектот. Приземјето е претставено како масивна стаклена кутија во чија внатрешност е поставен одделот за женска облека и кафетерија. На вториот кат е сместен одделот за машка облека, опрема за домаќинство и дополнителен простор кој е флексибилен во однос на програмата, односно може да се користи за различни настани и презентации.

кенго-кума-3

Надворешните масивни скали истоврмено се користат како амфитеатар за време на некој настан или за поставување на помал монтажен пазар. Специфичните скали овозможуваат спој на старото и новото на еден хармоничен и скромен начин.

кенго-кума-4 кенго-кума-5 кенго-кума-6

Испрати коментар

Scroll To Top