Насловна / Архитектура / Кенго Кума прогласен за највлијателен архитект во светот

Кенго Кума прогласен за највлијателен архитект во светот

Јапонскиот архитект Кенго Кума е единствениот архитект на листата на 100 највлијателни луѓе во 2021 година составена од списанието „Тајм“. Кенго Кума, кој раководи со истоименото архитектонско биро, е вклучен во годишното рангирање на луѓе што познатото американско списание ги смета за највлијателни во светот.

Kengo

Оваа година, Кенго Кума беше во центарот на вниманието бидејќи го стави својот потпис на Националниот стадион во Токио, кој беше централната арена на Олимписките игри оваа година.

Овој стадион е предмет на контроверзии од 2015 година. Во тоа време се водеше полемика дали треба да се издвојат дури две милијарди евра, колку би чинела реализацијата на предложениот проект од Заха Хадид. Нешто подоцна, сепак, поповолно решение (1,3 милијарди евра) избра архитектот Кенго Кума, што даде предност на традиционалните јапонски материјали.

Kengo1

Јапонскиот архитект Кенго Кума се смета за еден од најважните архитекти во светот. По дипломирањето на Универзитетот во Токио во 1979 година, ги продолжил студиите на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Денес, има четири канцеларии – најголемата е во Токио, потоа Париз, Пекинг и Шангај. Неговиот стил се карактеризира со враќање кон природата и чувствување на природата преку одмор во затворено.

Покрај Националниот стадион во Токио, Кенго Кума дизајнираше значајни згради низ целиот свет. Како прво, тука се V&A Dundee во Шкотска, Музејот на народна уметност во Кина, GC Prostho центарот во Јапонија, а исто така победи на натпреварот за реконструкција на салата Грмија во Приштина.

Kengo2

Испрати коментар

Scroll To Top