Насловна / Вести / Катна гаража во Скопје добитник на „Architizer А+“

Катна гаража во Скопје добитник на „Architizer А+“

garaza_4

 Новата катна гаража спроти седиштето на „Макпетрол“ во Скопје, иако не ја освои наградата од жирито, доби најмногу гласови на интернет-гласањето за наградата „Архитизер А+“ во категоријата на паркинг објекти. Проектот на македонските архитекти Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља, Саша Тасиќ, Александар Радевски, Никола Стрезовски и Дамјан Момировски, со иновативна фасада која е дело на Милан Мијалковиќ во соработка со виенското биро „ППАГ Архитекти“, беше еден од петте номинирани објекти во оваа категорија. Признанието од жирито го доби катната гаража во округот Вулаи во тајванскиот главен град Тајпеј, дело на студиото „Q-Lab“.

 Доделувањето на наградите „Архитизер А+“ беше организирано под покровителство на популарната архитектонска интернет-платформа „Архитизер“ и списанието „Вол Стрит журнал“. Ова е второ позначајно признание за иновативниот екстериер на новата скопска катна гаража која беше пуштена во употреба во септември минатата година. Претходно, објектот ја доби и Големата награда за архитектура за 2013 година на домашната манифестација АСК.

garaza_2garaza_1

Испрати коментар

Scroll To Top