- Како да ја уредам дневната соба? Покрај гарнитурата за седење во неа би сместила
трпезариска маса со столови, а по можност и комоди. Собата има убав поглед кон
дворот и голема тераса која ја користиме максимално.
Мирјана Симоновска, Скопје
повеќе »
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија
Сакаме да уредиме една соба од 13 м2 во приземјето на
нашата стара семејна куќа, за мајка ми која има 75 години и
живее сама. Таа треба да содржи дел за спиење, за јадење,
комода за телевизор, дел за подготвување јадења (шпорет), кaкo и
простор за сместување садови и облека. Што ни предлагате Вие?
На катот од семејната куќа сакам да организирам стан за моето
тричлено семејство. Како да го уредам просторот?
Со долготрајно вежбање на клавир и
слушање музика преку моќни стереофонски
уреди не би сакал да ги вознемирувам
соседите. Затоа ве молам да ме посоветувате
како да ја уредам мојата музичка соба која е
всушност и дневна.
Сакаме да го реновираме
нашиот стан. Со годините
станавм е поразгалени што
се одразува и на нашето
размислување за изгледот
на домот. Сакаме удобност
и посветеност на малите
уживања. Во станот живееме
сопругот и јас. Каква идеја за
уредување на просторот ќе ни
понудите?
Нашата спална соба по димензии не е мала, 3,90x4,80м., но сепак во неа се чуствуваме стеснето. Има прозорци по целата должина на ѕидот со висок парапет. Ви праќаме основа на собата и ве молиме за идеја за предупредување.
За време на зимските празници бевме во посета на нашите пријатели во маврово. Добивме желба да купиме плац и да изградиме викенд куќа со минимална квадратура во која би се дружеле со пријателите. Не би сакале куќата да е поголема од дваесетина квадрати во основа. Што ни предлагате?
Наша желба за оваа година е да внесеме нов изглед во станот. Ни здодеа подготвување храна во кујна која е во ист простор со терпезаријата. Сметаме дека дојде време нешто да смениме. Во станот живееме мојот сопруг и јас. Освен кујната и дневниот престој, за сега, не би менувале ништо во останатите простории.
Ние сме млада брачна двојка и наскоро треба да се вселиме во нашиот новоизграден стан. Ве молиме да ни помогнете станот да го опремиме така да ни биде удобен и функционален. Во дилема сме како да ја организираме просторијата за дневен престој која е заедно со кујната, а преку неа се влегува во спалната соба.
Решив да Ви пишам и замолам за совет. Мојот проблем е следниот: Сопругот и јас живееме во стан кој според наше мислење е некако несоодветен. Помалата соба, спалната, е свртена кон бучна улица додека поголемата, дневната соба, е свртена на север кон внатрешен двор. Дали постои можност од помалата спална соба да добиеме поголема која би ја користеле како дневна?