Насловна / Арт и дизајн / Карл Лагерфелд ја претстави првата колекција мебел на Миланската недела на дизајн

Карл Лагерфелд ја претстави првата колекција мебел на Миланската недела на дизајн

Првата колекција на мебел на брендот Карл Лагерфелд ја имаше својата премиера на Миланската недела на дизајн во нова продавница на Via Passione 8.

1

„Saint Germain“ 

Брендот Карл Лагерфилд ја претстави KARL LAGERFELD MAISON, линија на луксузен мебел и аксесоари за уредување на домот. Лансирањето се состоело од четири колекции, секоја именувана по омилените делови на Карл Лагерфелд во Париз: „Saint Germain“ и „Saint Guillaume“ вклучуваат мебел за дневни и спални соби, „Quai Voltaire“ е посветена на кујнски и трпезариски мебел, додека колекцијата „Rue de l’Université“ е посветена на расвета.

2 3

„Saint Germain“ 

Сите колекции се инспирирани од личниот пристап на Лагерфелд на дизајнот на ентериер и го одразуваат спојот на класични стилови со современи парчиња.

4

„Saint Germain“ 

Софата за дневна соба „Saint-Germain“ е ѕвезда на колекцијата. Преслечена е со букле ткаенина во боја на слонова коска, исто така служи и како мини библиотека, има страни со елегантно вградени полици за книги. Бидејќи личната библиотека на дизајнерот има над 300.000 книги, љубовта кон читањето на Карл Лагерфелд и начинот на кој ги презентирал послужиле како инспирација за дизајнот.

5

6

„Saint Germain“ 

„Карл не само што беше фасциниран од дизајнот на ентериер – тој беше многу страствен во врска со тоа“, вели Пјер Паоло Риги, извршен директор на компанијата KARL LAGERFELD. „Затоа, беше природна одлука да ја прошириме понудата на нашиот бренд со колекцијата KARL LAGERFELD MAISON. Оваа возбудлива категоријата ја слави нашата ДНК и нуди нов начин за истражување и доживување на светот на Карл. Парчињата се смели, софистицирани и елегантни, токму како и самиот Карл“.

7

„Quai Voltaire“

Брендот одлучи секоја сезона да ангажира нов дизајнер кој ќе го толкува пристапот на Лагерфелд кон дизајнот. Според тоа, првата колекција KARL LAGERFELD MAISON развиена е во партнерство со познатиот дизајнер на ентериер Матео Нунциати.

8

„Quai Voltaire“

„За време на процесот на дизајнирање, помислив на Карл како шета по каналите на Хамбург или посетува елегантни вили во Париз“, вели Нунциати. „Двата града беа важни во историјата на Карл и ме инспирираа да ја урамнотежам строгоста на Баухаус и софистицираната париска елеганција. Беше чест да се соработува со тимот на брендот KARL LAGERFELD и најдобрите италијански занаетчии за да развиеме современа, топла и емотивна колекција полна со исклучителни детали“.

9

„Rue de l’Université“ 

Палетите на боите и материјалите се во склад со визуелниот дух на брендот (и преференците на дизајнерот), вклучувајќи бела и црна боја со суптилни акценти во нијанси на црвена и розова, како и рефлектирачки материјали, брусени метали и стаклени површини.

Секое парче мебел од новата колекција ќе се произведува во Италија, а цените ќе се движат од 1.850 до 23.000 евра.

11 10

„Rue de l’Université“ 

Испрати коментар

Scroll To Top