Насловна / Архитектура / Камен, стакло и бамбус за новиот објект на Apple со потпис на Foster + Partners

Камен, стакло и бамбус за новиот објект на Apple со потпис на Foster + Partners

Архитектонската компанија Foster + Partners објави фотографии од неодамна отворениот продажен салон на Apple во Макао (територија која има прогласено независност од НР Кина). Проектното решение е опишано какао „нова оаза на спокојството“ наспроти динамиката на градот. Apple Store во Макао е отворена на 29ти јуни, и претставува спој на новите технологии и уметноста, што секако му дава позитивен придонес кон модерниот дух на градот. Еден од дизајнерите на Apple во соработка со Foster + Partners се автори на продажните центри и во Чикаго и Лондон. Концептот кој е применет во Макао има форма на луминисцентна коцка со чиста геометрија и топлина која преку бамбусовиот дрворед ги привлекува погледите на минувачите. Уште на влезот, посетителите се опкружени со светли камени блокови кои преку ден ја рефлектираат сончевата светлина, додека ноќе емитираат топла и смирувачка светлика како контраст на силните светла на градот. Иновативната композитна фасада стакло – камен, составена од пет слоја креира уникатен изглед не само на објектот туку и на блиското опкружување.

apple store1

apple store2

apple store3

apple store4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top