Насловна / Архитектура / Како наједноставно да го реновирате или преуредите вашиот стан?

Како наједноставно да го реновирате или преуредите вашиот стан?

stan-1-bp-2016(1)

Со доаѓањето на пролетта, доаѓаат и желбите за преуредување на домот или деловниот простор во кој работите. Се прашувате какви се активности треба да се преземат, од каде да се почне, со кого да се консултира, кој ќе изведува, кој ќе надгледува, координира и контролира…

Имено, тој процес на адаптација на еден простор подразбира поголем ангажман и секако инволирање на многу луѓе: од дизајнери/архитекти до изведувачи, надзори, одoбренија за градење и сл.

Како би можело да се завршат сите активности навремено, професионално и квалитетно, потребни се следниве чекори:

  • Дефинирање на потребите на предметниот простор со помош на вашиот личен архитект
  • Избор на стил во кој ќе се преуредува домот
  • Изработка на цртежи и тридимензионален приказ на просторот што се уредува
  • Организациска поставеност на мебелот во просторот и негово подобро функционирање
  • Избор на фирма за изведување со сите потребни градежно занаетчиски фази (водоводни и канализациони инсталации, електроинсталации, подови, ѕидови, плафони, осветлување и сл.)
  • Избор на фирма за изведување на мебел и опрема во просторот
  • Контрола при изведба од страна на стручно лице
  • Предавање на објектот до т.н. клуч на рака

img_0643(1)

Доколку не сте во можност сето ова сами да го реализирате и координирате, а воедно и немате доволно слободно време на располагање, можете да ги контактирате архитектите од БИРО ПРОЕКТ, кои ќе ви излезат во пресрет на вашите стручни барања и дилеми.

Комплетното портфолио на БИРО ПРОЕКТ може да го погледнете овде.

Испрати коментар

Scroll To Top