Насловна / Архитектура / Десетици реплики на познати градби, меѓу нив и Тауер бриџ од Лондон

Десетици реплики на познати градби, меѓу нив и Тауер бриџ од Лондон

Колку поголемо, толку подобро. Ова очигледно е најважното мото за Кина кога е во прашање архитектурата и градежништвото.

Судоху, град кој се наоѓа западно од Шангај, може да се пофали со нова верзија на култниот „Тауер бриџ“ во Лондон (Tower Bridge), само што кинеската верзија е двојно поголема од оригиналот, и наместо две има четири кули. Не е првпат Кина да гради веќе постоечки архитектонски чуда, без оглед дали се од историски или модерен карактер. Може да се потсетите на примерот кога изгради цел град базиран на архитектура на веќе постоечки град кој сè уште ги чека првите жители. Тоа за Кинезите не е пречка, важно е да се покаже дека може и повеќе и помоќно од оригиналното здание.tauer bridz-london

Што се однесува до репликата на „Тауер бриџ“ од Лондон, според љубителите на архитектурата, кинеската верзија е далку подобра од оригиналниот дизајн. Освен како градба, објектот стана хит локација и за свадбени фотографии. Репликата на Тауер бриџ е изградена во 2010 година, по течението на реката Yuanhetang. Oригиналот во Лондон е направен во периодот 1886–1894 година.

Новата верзија има четири одбранбени кули од која секоја има 40 метри во височина. Наместо еден, мостот има дупли сегменти, односно наместо две кули како во Лондон, има четири кои се поврзани меѓу себе. Со тоа гради концепт на квадрат во чие средиште е мостот. Сите останати содржини на кулите се верна копија на оригиналот.tauer bridz-london

Она по што се разликуваат проектите, освен по големината, а е недостаток на кинеската верзија, е тоа што патните сегменти не можат да се кренат и отворат за сообраќај на бродови под мостот, за разлика од лондонската верзија која го може тоа. Секако, една од разликите е и големината на реката на која се изградени тие, бидејќи распонот на оригиналниот Тауер бриџ на Темза е далеку поголем од оној во Кина.kineska-kula8

Според пишувањата на кинеските весници, репликата на Тауер бриџ чинела околу 80 милиони јуани или близу 9,6 милиони евра. Taa е дел од поголем проект на властите на Судоху, да изградат култни и музејски градби на секоја од водните површини низ градот.

Секако, и во Кина постои поделеност околу изградбата на лондонската реплика. Некои велат дека е ремек-дело, други тврдат дека е само кичерајска содржина која ги потиснува традиционалните кинески вредности во архитектурата и дизајнот.kineska-kula7

Лондон не е единствениот град кој поттикна градби во Судоху бидејќи на околу 200 километри северозападно од Шангај, оваа област стана позната по еден вид градежно клонирање на други светски познати знаменитости. На пример, во 2008 година градските власти најавија дека ќе изградат 56 примероци на познати обележја или мостови од целиот свет на реките во и околу градот. Како резултат на тоа, градот исто така има копија на пристанишниот мост од Сиднеј, копија на мостот Александар III кој постои во Париз и дузина други реплики. Згора на тоа, оваа област може да се пофали и со конструкција на еден цел холандски град полн со ветерници и домови во холандски стил.kineska-kula5

Судоху, град со 6,6 милиони жители, често е нарекуван и „Венеција на истокот“, и бил важен центар на Кина за време на индустријата на свила речиси 1000 години. Наместо свила, денес овој град станува архитектонско седиште на славните градби и нивните реплики. Наместо да одите во секоја земја поединечно, доволно е да се посети Судоху и да почувствувате како на едно место се здружиле неколку десетина градови и држави со свои знаменитости.kineska-kula2

                                                                                                                          

Испрати коментар

Scroll To Top