Насловна / Арт и дизајн / Како ќе изгледа „Музејот на иднината“ во Дубаи?

Како ќе изгледа „Музејот на иднината“ во Дубаи?

muzej na idnina (2)

Во најбогатиот град на Арапските Емирати моментално се гради многу необичен објект, своевидно инженерско и архитектонско чудо – „Музеј на иднината“.

Проектот се проценува на 136 милиони долари, а своето место ќе го најде во непосредна близина на градско-деловниот кварт на градот, кој се наоѓа на седум минути од познатиот облакодер „Бурџ Калифа“. За проектирање на оваа грандиозна градба ангажиран е јужноафриканскиот архитект Shaun Killa.muzej na idnina

Надворешноста на музејот ќе биде со овална форма, а површината ќе биде покриена со рефлектирачки материјали, заради што целата зграда ќе личи на голем прстен. На рефлективна површина ќе бидат испишани зборови на Шеик Мохамед, премиерот на Обединетите Арапски Емирати и еден од најважните деловни луѓе од Блискиот Исток. Во внатрешноста на зградата ќе бидат поставени ултра-брзи лифтови, а посетителите на влезот ќе бидат „поздравувани“ од роботи и холографски слики.

Музејот ќе биде поделен на два дела: изложбени простори и научен инкубатор. Во изложбениот дел, посетителите ќе можат да видат и доживеат различни иновации од областа на современиот дизајн, технологијата, транспортот и медицината, додека инкубаторот ќе биде повеќе од практична природа и ќе вклучува лабораторија во која ќе се одржуваат возбудливи проекти.

Проектот треба да биде завршен во текот на 2017 година.

Испрати коментар

Scroll To Top