Насловна / Вести / Како изгледаат цветовите на какао

Како изгледаат цветовите на какао

Какото се добиваа со сушење и мелење на делови од истоименото растение, мало зимзелено дрво кое успева во тропските предели и расте до 8 метри во висина, кое се користи за производство на чоколадо. Прв го донел во Европа, Кристофер Колумбо, од Америка.

k1

Дрвото какао, чие ботаничко име е Theobroma cacao, што значи „храна на боговите“, најдобро успева во тропските области со многу влага и без директно изложување на силно сонце, во области помеѓу 20° северна и јужна географска ширина.

k7

Иако неговото домородно живеалиште се тропските предели на Централна и Јужна Америка, по Големите географски откритија, неговиот опсег се проширил на тропските области и на другите континенти. Денес, скоро 70 отсто од светското производство на какао се добива од подрачјето на субсахарска Африка, а најголеми светски производители на тој континент се Брегот на Слоновата Коска (со третина од вкупното светско производство), Гана, Нигерија, Камерун и Того или области долж крајбрежјето на Гвинејскиот Залив. Надвор од Африка, најголеми светски производители се Индонезија, Бразил, Еквадор, Мексико и Перу.

k2

Дрвото почнува да цвета на третата, а почнува да дава плодови во петтата година од денот кога е засадено. Директно од стеблото растат цвеќиња долги околу 20 см, со овална форма во кои во низа се поставени зрна какао (од 30 до 40 по плод).

nk

k6

k3

k

k5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top