Насловна / Вести / Каде ќе се гради најголемата соларна електрана со концентрирано сончево зрачење во светот?

Каде ќе се гради најголемата соларна електрана со концентрирано сончево зрачење во светот?

Изградбата на најголемата соларна електрана со концентрирано сончево зрачење (CSP – Concentrated Solar Power) на светот, постројката  Noor Energy во Дубаи, напредува и покрај промените во начинот на работење во актуелниве околности.  Noor Energy 1 се гради за Електричната и водна управа на Дубаи (DEWA). Хибридната постројка опфаќа CSP со моќност од 700 MW и фотоволтаична електрана со моќност од 250 MW . Вредноста на проектот изнесува околу 4,4 милијарди долари, а изведувач е кинеска компанија.

Се очекува проектот да го зголеми делот на „чиста енергија“ на градот на 25% до 2030 година, и да направи редукција на околу 1,6 милиони тони јаглерод диоксид.

noor1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top