Насловна / Вести / Каде исчезнаа јавните клупи?

Каде исчезнаа јавните клупи?

Дизајнот и функционалноста на јавните простори секогаш треба да бидат под лупа, без разлика дали се работи за пристапноста до градските паркови и зелените површини, оддалеченоста на која живеат луѓето од јавниот превоз или начините на кои просторите можат да бидат проектирани за да бидат побезбедни и достапни за секого.

12_resize

Исто така, клупите или другите форми на мобилијар предвиден за седење се мал елемент од нашиот секојдневен урбан живот, но тие играат голема улога во начинот на кој комуницираме со отворениот простор.

7_resize

Инертен поттик за забавување на темпото

Минувачот може да го користи овој елемент за седење на кратко или долго, да разгледува наоколу и да се одмори, да прочита весник, да јаде сендвич, да чека пријател или да прави некоја друга активност. Ова им дава на луѓето едноставен и речиси инертен поттик да го забават темпото во урбаното подрачје со високо темпо.

www.mansberg.se

Сепак, во последно време многумина се прашуваат што е со клупите кои некогаш ни го овозможуваа наведеното. Може да се каже дека бројните удобни клупи ширум светот се заменети со метални клупи кои не ве канат да се задржувате, туку дури и одвраќаат одредени луѓе, имено бездомниците, промовирајќи ја стигмата на оние кои се „избрани“ тука да седат, пишува ArchDaily.

9_resize

Може да се каже дека во многу урбани средини ширум светот, мобилијарот за јавно седење е вид кој одумира. Онаму каде што и постои, голем дел од него веќе не е дизајниран да го поттикнува социјалното однесување.

Во нашите градови, вистина е дека јавните простори често сè уште содржат клупи во нивната конвенционална форма, но можеби често според некаков традиционален шаблон кој упатува на фактот дека нивното постоење е неопходно, но од друга страна, не се размислува доволно за нивното соодветно позиционирање и врската со опкружувањето и потребите на корисниците.

6_resize

Исто така во нашата средина ретко има новореализирани јавни простори, на некои клупите се несоодвето поставени, директно изложени на сонце, па во овие жешки денови неупотребливи, некои се водени од стремежот кон интересен диајзн, а помалку се водело сметка за функцијата.

1_resize

Од друга страна имаме и паркови и јавни површини кои со децении не се реконструирани, ниту редизајнирани, па во нив и понатаму можат да се видат добрите стари клуои (ако во меѓувреме го преживеале нивното намерно уништување), како дел од првобитниот концепт.

01_resize

3_resize

Плати или седи на шилци

Ако одиме малку подалеку и во времето и во просторот, во 2014 година Yantai Park во Кина го воведе концептот на клупи „плати за седење“. Имено, тајмерот поврзан со паричката што се става, реагира доколку се надминале дозволеното време, па од седиштето излегуваат мали шилци, како не баш нежен потсетник дека е време да се продолжи понатаму.

5_resize

И другите градови исто така имаа свои верзии, најчесто воведувајќи сегментни седишта, спречувајќи ги покрупните луѓе да седат и бездомниците да лежат. Од друга страна, се почесто може да се забележат клупи без наслон за грб, кои секако не се најудобни за долго седење.

10_resize

Интересно е да се забележи дека на њујоршкиот парк Lower East Side, кој претрпе големи капитални подобрувања, сè уште недостасува едно нешто – клупите. Постојните често се искршени, па така, локалните жители често сами купуваат иверица за барем привремено да ги поправат.

00_resize

Проблем со јавното здравје

Прашањето за седење во урбани средини се прошири и на проблеми со јавното здравје. Се проценува дека само во Соединетите Американски Држави, речиси 20 милиони возрасни луѓе не се во состојба да прејдат околу 500 метри или имаат екстремни тешкотии при преминување на ова растојание.

Оваа бројка дури се удвојува кога ќе се зема предвид бројот на Американци кои имаат ограничени физички способности, вклучувајќи потешкотии да стојат во место долго време.

11_resize

Една студијата покажала дека повеќето луѓе очекуваат постојките на јавниот превоз да имаат клупи, но бидејќи таму не ги наоѓаат често, се одлучуваат за сопствен превоз, што вади дополнителни 40 милиони возила на улиците.

Друга студија спроведена од Универзитетот во Јута покажала дека бројот на патници во јавниот превоз расте со експоненцијална брзина кога транзитните постојки се проектирани со клупи, особено кога се изведени со настрешници и на безбедни тротоари.

000_resize

Рекламите го исплатуваа поставувањето

Имајќи предвид дека постоењето на клупи во голема мера влијае на овој голем проблем, може да се каже дека нивното поставување е навистина евтино. Некои градови дури нашле начин да го направат бесплатно, здружувајќи се со агенции кои поставуваат рекламни огласи на нив.

Неизбежно е луѓето повремено да сакаат да седнат. Сакаат да знаат дека дестинацијата што треба да ја совладаат ќе им биде прифатлива, како и да имаат место за одмор, дружење или извршување на кратки задачи. Следниот пат кога ќе шетате низ вашиот град, погледнете каков мобилијар за седење нуди вашето место, колку го има и како изгледа.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top