Насловна / Архитектура / K11 Ecoast во Кина проект на ОМА, David Chipperfield Architects и Sou Fujimoto

K11 Ecoast во Кина проект на ОМА, David Chipperfield Architects и Sou Fujimoto

K11 ECOAST, масивен комерцијален комплекс вреден скоро 1,5 милијарда американски долари, наскоро ќе се формира долж брегот на Шенжен. Амбициозниот малопродажен и културен простор во Кина го проектира тим кој ги вклучува ОМА, David Chipperfield Architects и Sou Fujimoto. Зафаќајќи површина од 228.500 квадратни метри, проектот ќе содржи „Art Mall“, повеќенаменски уметнички простор, деловна зграда K11 ATELIER и уредено шеталиште покрај брегот, пишува Designboom.

2

Тимот вели дека проектот ќе „комбинира концептот за зелен развој заедно со зачувување на ресурсите на брегот.“ Со овој еколошки освестен дух, групата се надева дека ќе промовира начин на живот кој е одржлив и кружен, а истовремено ќе го интегрира „концептот за заштита на животната средина“. Дестинацијата во пристаништето се очекува да биде отворена во 2024 година.

Планот е K11 ECOAST да ги интегрира уметноста, работата и луѓето од Шенжен. Просторот е организиран со влез на две нивоа што води до програм што вклучува ресторани со поглед на море од 270 степени и извонредни мулти-сензорни уметнички простори.

1

Уметничкиот простор HACC ќе изложува колекција на современи дела од целиот свет, а на младите кинески уметници ќе им обезбеди платформа под светла на рефлектори. Во меѓувреме, Art Mall ќе ги кани посетителите да ги истражат уметничките дела од странски уметници наменети за Шенжен, вклучувајќи дела од две жени скулпторки – Phyllide Barlow од Обединетото Кралство и Monika Sosnowska од Полска.

Проект изработен од OMA, David Chipperfield Architects и Sou Fujimoto сам по себе е културно значаен додаток на градот. Тимот на Групацијата К11 коментира: „Тројца архитектонски мајстори навлегуваат во разработена рамнотежа меѓу архитектурата и природата, вешто усогласувајќи го архитектонскиот дизајн со крајбрежниот пејзаж, создавајќи ново жариште и дестинација за креативна култура и еколошки живот во заливот Greater Bay Area“.

Кога ќе биде завршен, K11 ECOAST ќе биде најголемиот вкупен ЛЕЕД Платинум претходно сертифициран кластер на згради во областа на заливот во Шенжен. Комплексот е проектиран и ќе биде изграден во согласност со кинеските национални насоки на 14. петгодишен план за заштита на животната средина и одржлив развој за циркуларна економија.

3

Тимот тврди дека проектот ја одразува пилот-програмата за градење „Zero-Waste City“ во Шенжен, „интегрирајќи ги принципите на циркуларна економија во својот проект и работа, значително намалувајќи го отпадот и обезбедувајќи заштита на животната средина во архитектонскиот дизајн, храната, модата и образованието.“ Со овие стратегии, тимот бележи значително намалување на отпадот „за да се обезбеди подобра заштита на животната средина и позелено, побезбедно и попријатно искуство за посетителите“.

4

За да се оптимизира одржливото управување со атмосферските води, тимот го прифаќа концептот „Sponge City“ за да го намали притисокот врз постоечкиот систем за одводнување во Шенжен. Тимот објаснува: „Со 60.000 квадратни метри надворешно уредување, најголемо меѓу сите проекти K11, K11 ECOAST во проектот целосно ги вклучува концептите на зелени и здрави згради, користејќи обновлива енергија, материјали што може да се рециклираат и системи за филтрирање на воздух за болници“.

Испрати коментар

Scroll To Top