Насловна / Арт и дизајн / Легендарната фотелја инспирирана од Мики Маус се враќа на сцена

Легендарната фотелја инспирирана од Мики Маус се враќа на сцена

Qeeboo повторно ја оживеа иконичната фотелја на Рон Арад инспирирана од Мики Маус.

Направена како ограничено издание во далечната 1988 година, фотелјата DFWTM (Don’t F**k with the Mouse) е повторно издадена за внатрешни и надворешни простори.

1

Првично креирана како иронично парче мебел чија силуета наликува на ушите на Мики Маус, оваа оригинална фотелја набрзо доживеа голема популарност и стана добредојден акцент во многу домови.

Родена како ограничено издание, pop-soul фотелјата на Рон Арад низ годините претрпе бројни метаморфози, од првите експерименти со фиберглас до лакирани, тапацирани и кадифени верзии.

 

2

Што е новитет кај ова реиздание? За почеток, седиштето на фотелјата е трансформирано во индустриски производ кој сега е достапен во две верзии.

Моделот резервиран за внатрешни простори е изработен од полиуретанска пена и е обложен со ткаенина, додека моделот резервиран за надворешна употреба е изработен од полиетилен, кој може целосно да се рециклира.

Официјалната презентација на новото издание на фотелјата DFWTM ќе се одржи за време на Неделата на дизајнот 2022 година.

3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top