Насловна / Вести / ИНТЕРВЈУ: Го градиме новиот WOW World of Wienerberger

ИНТЕРВЈУ: Го градиме новиот WOW World of Wienerberger

„Кога компанијата е навистина сигурна во својот производ и во системските решенија, не е тешко да се гарантира за квалитетот дури и за период од 33 години“. Повеќе од 200 години искуство со 215 производствени погони во 28 земји од светот. Дел од тимот на Винербергер во Македонија ни раскажува за развојот, плановите и визијата за понатаму.

ВЛАДИМИР ЗЛАТКОВСКИ – ДИРЕКТОР НА ВИНЕРБЕРГЕР ВО МАКЕДОНИЈА

Vladimir Zlatkovski

На ниво на групацијата „Винербергер“, што е тоа што најмногу го обележува изминатиот период?

Изминатите години имавме можност да живееме во свет кој се соочуваше со големи промени и трансформации, од пандемијата со коронавирусот до климатските промени и бројни други предизвици. Затоа, за нас, како групација која има 215 производствени погони во 28 земји во светот, најважно беше да гледаме кон иднината и да работиме на градење нов пат.

Така и стигнавме до она што во рамки на корпорацијата го нарекуваме „WOW – World of Wienerberger“. „Винербергер“ е повеќе од успешен, водечки меѓународен производител на материјали за градење и инфраструктурни решенија. Како постојан носител на трендовите во нашата индустрија, ние дизајнираме иновативни, трајни и одржливи решенија за нашите клиенти и паралелно придонесуваме за заштита на нашата планета. Сите наши активности ја имаат предвид заштитата на животната средина, а во крајна линија, сите наши активности имаат една заедничка точка: подобрување на квалитетот на животот на луѓето.

Reference project, single family house built with Porotherm

По две години криза како резултат на светска пандемија со КОВИД-19, дојде оваа бурна година, гледано од аспект на економијата. Како се справувате со економските предизвици, како растот на цените и тековната инфлација?

Да, вистина е дека по здравствената криза дојде економска криза, која носи голема неизвесност. Цените на репроматеријалите и на транспортот континуирано растат, инфлацијата неминовно води кон потребата за зголемување на платите на вработените и сето тоа директно влијае на цената на чинење и на нашите производи. Да се биде менаџер на една компанија денес и пред неколку години е навистина различно. Денес тоа бара будно око кое од ден во ден, од недела во недела ќе ги следи сите промени за да можат да се носат правилни одлуки во вистинско време. За среќа, „Винербергер“ е компанија која има зад себе искуство од над 200 години и големо знаење за справување со тешки ситуации, кое и на локално ниво ни помага за надминување на ваквите предизвици.

Дали сте задоволни од досегашните деловни резултати на македонскиот пазар и каква е иднината на индустријата?

На нашите простори компанијата „Винербергер“ со години ниже успеси. Земајќи ја предвид големата конкуренција, како и разните предизвици на пазарот, среќни сме што успеавме нашите производи и, најважно, нашите системски решенија, кои се одликуваат со врвен квалитет и иновативност, успешно да ги промовираме и да им ги доближиме на нашите инвеститори.

Со оглед на тоа што речиси 90% од животот го поминуваме во затворен простор, сметаме дека концептот на здравото живеење е иднината и на нашите простори и дека мораме да се ориентираме кон подобрување на квалитетот на домувањето.

ASTI_Natura-1

Во вакви несигурни времиња, „Винербергер“ на своите системски решенија нуди децениска гаранција. Дали е тешко да гарантирате за вашите производи на толку долг рок?

Кога компанијата е навистина сигурна во својот производ и во системските решенија, не е тешко да се гарантира за квалитетот дури и за период од 33 години. Нашите системски решенија поминуваат низ темелни внатрешни и надворешни испитувања од акредитирани институции во земјата и во странство, па затоа и можеме да се обврземе на таков вид гаранција. Мораме да имаме на ум дека секоја гаранција е сигурна толку колку што е и фирмата што стои зад неа. Гаранцијата од „Винербергер“ не е реклама, туку договор со клиентите – ние се обврзуваме дека ќе им бидеме партнер од доверба најмалку во следните 33 години.

ЗВОНКО КОСТАДИНОВ – ПРОДУКТ МЕНАЏЕР

Zvonko Kostadinov

Што е најново во вашата производствена и продажна програма? На кои брендови сте најфокусирани периодов?

Тоа што во моментов ни е најактуелно на пазарот е Semmelrock, најновиот бренд во семејството на „Винербергер“ – Македонија. Станува збор за бренд на павер-елементи, односно бетонски плочки, бехатон и рабници за поплочување и уредување на надворешни површини, кој е лидер на пазарот на павер-елементи во Источна Европа.

Бетонот е неверојатно флексибилен и најчесто користен градежен материјал. Ниту еден друг материјал не може да се обликува на толку многу начини. Отпорен е на оптоварување, сигурен е и има исклучителни својства. Од друга страна, бетонските елементи имаат изразено еколошки карактер. Ако асфалтот и бетонираните површини ја впиваат жештината во текот на денот и ја испуштаат во околината, притоа влијаејќи на животот на луѓето и на растенијата, поплочените површини со бетонските елементи Semmelrock позитивно делуваат на микроклимата и го овозможуваат природниот циклус на водата.

Благодарение на широката палета на производи на Semmelrock, нудиме креативни решенија за дизајн на надворешни површини, без разлика дали станува збор за тераси, патеки, приоди, влезови, паркиралишта. Со Semmelrock во мај ги запознавме архитектите преку нашиот вебинар, за кој имаше голем интерес, а летово се надеваме дека ќе го запознаат сите инвеститори кои планираат да го средуваат својот двор.

МАРИНА НАСКОВА – МАРКЕТИНГ ЕКСПЕРТ

Marina Naskova

Колку „Винербергер“ – Македонија работи на позиционирањето на своите брендови на пазарот, а и на корпоративниот имиџ како водечка компанија за градежни производи и решенија?

Во „Винербергер“ луѓето секогаш се на прво место. Заедно со нашите вработени, партнерите и клиентите, постојано вложуваме во изнаоѓање на нови начини за заедничко работење.

Нашата компанија произведува производи кои се 100% природни и кои 100% се рециклираат. Тука спаѓаат производи од четирите наши брендови, кои се наменети за градење на најважните делови од куќата: Tondach кој нуди системски решенија за покривот, Porotherm за ѕидовите, Terca за фасадите и новиот бренд на бетонски павер-елементи Semmelrock за надворешно поплочување. Првите три се веќе добро позиционирани и препознаени како производи со врвен квалитет на нашиот пазар, а најновиот, Semmelrock, веруваме дека за кратко време ќе докаже дека е нивно достојно друштво во нашето портфолио.

Од друга страна, свесноста за одржливоста и важноста на заштитата на животната средина се во средиштето на светот на „Винербергер“ и претставуваат круцијален елемент на нашата корпоративна стратегија. Сето ова го сочинува корпоративниот имиџ на „Винербергер“, кој опстојува низ годините и во разни делови од целиот свет, затоа што сите овие определби се состојат од реални дела и одлуки кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот на луѓето.

MK_MKT_PHO_SEM_dvor_AppiaAntica (1)

Кои се најважните тековни активности во делот на маркетингот, а што сè имате во план да реализирате до крајот на годината?

Годината ја започнавме со поголема кампања за покривните решенија на Tondach со главен фокус на Винеам, ќерамидата која се произведува во нашата фабрика во Виница.  Периодов ни е во тек кампањата „За твојот двор имаме совршен одговор“ со која го лансираме на пазарот Semmelrock. Кампањата ќе трае во текот на летните месеци и целта ни е да ги запознаеме приватните инвеститори со брендот и воедно да ги инспирираме како модерно и квалитетно можат да го уредат својот двор, влез, приод или паркиралиште. Во рамки на кампањата работиме и на лансирање на апликацијата Garden Visions, која ќе претставува нешто уникатно на македонскиот пазар. Имено, корисниците ќе можат да го скенираат делот од дворот што сакаат да го поплочат и преку апликацијата да видат како би изгледал со одреден вид на бехатон или бетонски плочки.

До крајот на годината, во есенскиот период, ни претстои и поголема кампања за системските покривни решенија од Tondach, меѓутоа и надвор од поголемите кампањи, маркетинг-активностите на „Винербергер“ континуирано течат во текот на целата година.

AT_MKT_TON_REF_Designhaus_SБdsteiermark23

За кровопокривачите имаме лојална програма PROplus која е уникатна и го негува партнерскиот однос кој го имаме со една од нашите таргет групи. Посебни програми и стимулативни активности имаме и за нашите партнери, дистибутери. Се адаптиравме за време на пандемијата и настаните во живо спрема архитектите и проектантите ги заменивме со вебинари со цел да продолжиме да ги инспирираме и информираме за иновациите во градежната индустрија.

Продолжуваме посветено да работиме, да бидеме пионери во градежништвото, да нудиме иновативни производи кои ги имаат лидерските позиции на пазарот во светски рамки.

Комерцијален текст

Wienerberger.svg_resize

Испрати коментар

Scroll To Top