Насловна / Архитектура / Јавната дискусија „Ослободување на просторот – Како до слободен градски простор после Скопје 2014?“

Јавната дискусија „Ослободување на просторот – Како до слободен градски простор после Скопје 2014?“

Музејот на современата уметност Скопје Ве поканува на јавната дискусија „Ослободување на просторот – Како до слободен градски простор после Скопје 2014?“ што ќе се одржи оваа сабота 18.05.2019 со почеток во 12.00 часот во просториите на музејот

Во завршница на проектот и изложбата Ослободување-на-просторот (12.03 – 31.05. 2019) Музејот на современата уметност организира отворена трибина на која учесниците и публиката ќе се обидат да ја актуелизираат и да ги промислат одговорите на сѐ уште притаената дилема: Како до слободен градски простор после “Скопје 2014“?

фс

Соочени и натаму со последиците од фриволно и агресивно спроведените промени во централното градско подрачје со таканаречениот проект Скопје2014 и неговото тоталитарно окупирање на јавниот простор, некои од прашањата што ќе бидат отворени на трибината се: Дали Скопје како град има идеја за користење на јавниот простор? Каков беше неговиот карактер во 1980-тите и 1990-тите години и дали и како тој се менуваше во годините непосредно пред СК2014? Каква беше перцепицијата за јавниот карактер на архитектонските објекти од пост-земјотресната обнова на Скопје и дали како општество на културолошко ниво го имавме препознато овој „скриен“ ресурс на архитектурата во градењето на јавниот простор? Што научивме од СК2014 по однос на идејата за јавниот простор на градот и за архитектурата како рефлексија на колективот на градот? Дали имаме квалитетен јавен градски простор, дали имаме потреба од негово менување и кои се аспектите на тие промени – од каде треба да се почне во контекст на СК2014?

фс1

Ве повикуваме да земете активно учество во барањето одговори на овие прашања заедно со панелистите: Влатко Коробар, Мери Батакоја, Небојша Вилиќ, Никола Гелевски, Филип Јовановски, Ивана Драгшиќ, Дејан Ивановски, Марија Мано Велевска, Слободан Велевски, Зоран Петровски.
Во рамките на настанот ќе биде промовиран и каталогот за изложбата.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top