Насловна / Арт и дизајн / Јавен тоалет во Токио како мала куќа

Јавен тоалет во Токио како мала куќа

Јапонскиот моден дизајнер и популарен DJ, Nigo, дизајнираше јавен тоалет во форма на мала куќа. Nigo, кој е основач на брендот за облека „A Bathing Ape“ и дизајнер за Adidas и Louis Vuitton го дизајнираше објектот како дел од проектот „Токиски тоалети“ на фондацијата Nippon Foundation’s.

02

Изграден во областа Харајуку во центарално Токио, тоалетот во форма на куќа е дизајниран да се издвојува од околните високи згради. Дизајнот на Nigo е еден вид пркос на околните високи згради, кои станаа императив на изградбата кога станува збор за Токио.

01

„За разлика од градот Токио кој постојано се менуваше со згради високи до небото, замислив тоалет кој ќе се чувствува како добар стар дом, кој тивко стои на аголот на Харајуку“, објаснува  Nigo.

Неговиот тоалет спојува блокови во градското подрачје кои ги проектирале добитниците на Прицкер наградата, архитектите Тадао Андо, Сигеру Бан и Фумихико Маки.

03

Дека станува збор за мудро планиран проект, зборува податокот дека Nigo го избрал концептот на таканаречено учење од минатото и делумно се предизвикал себеси да создаде копија од обична, еднокатна куќа, кои во минатото за време на Втората светска војна ги граделе вооружените сили на САД. Тоалетниот блок сега потсетува на поранешниот начин на живот, има бели sидови со прозорци во сини рамки, додека на врвот има црвен покрив со три додатоци во форма на оџаци.

04

Исто така е делумно со бела ограда, што ја претставува желбата на авторот да создаде еден пријателски предмет, кој во исто време делува лежерно, но и привлечно.

05

„Денес, од овие куќи останаа многу малку. Воспитан сум во Харајуку, и мојот живот во овој град ме обликува во она што сум сега”, вели Nigo.

Планирана е изградба на вкупно 17 вакви објекти во градот.

06

07

08

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top