Насловна / Вести / Јапонија со повеќе станици за полнење на електрични автомобили, отколку бензински пумпи

Јапонија со повеќе станици за полнење на електрични автомобили, отколку бензински пумпи

Јапонија има повеќе станици за полнење на електрични автомобили, отколку бензински пумпи.

Истражувањето што го покрена јапонскиот производител на автомобили Nissan откри дека во таа земја постојат повеќе од 40 илјади станици за полнење на електрични автомобили, во однос на бензинските пумпи, кои ги има 34 илјади.elektricni koli

Доминираат приватните станици за полнење на електричните автомобили, но постојат и три илјади државни станици.

Јапонија сака да воспостави развиена мрежа на јавни и приватни станици за полнење на електричните автомобили, во што е лидер во светот.

Во САД има само 9.000 станици за полнење на електричните автомобили и 114,5 илјади бензински пумпи.japan

Извршниот директор на General Motors, Мери Бара, рече дека електричните автомобили ја менуваат авто индустријата со невидено темпо.

Се претпоставува дека продажбата на електрични автомобили во светот до 2040 година би можело да ја достигне бројката од 41 милион.

Испрати коментар

Scroll To Top