Насловна / Вести / Јакчал – древен персиски „фрижидер“ кој складира храна, па дури и мраз

Јакчал – древен персиски „фрижидер“ кој складира храна, па дури и мраз

Кога станува збор за инженерството, архитектонските и инженерски чуда се присутни на речиси секој континент, без разлика дали тоа се пирамидите во Египет, Ангкор Ват на Кмерското кралство во Камбоџа или дури и цели подземни градови како Деринкују во турскиот регион Кападокија. Еден одличен пример за паметно и одржливо инженерство нè носи на Средниот Исток, царство познато по тоа што е едно од лулките на цивилизацијата и развојот на човековата култура. Таму, околу 4 век п.н.е., Персијците го создале она што е познато како јакчал (yakhchāl), во превод „ледена дупка“. Јакчал е древен тип на ледена куќа која функционира како фрижидер. Над земјата, градбата има форма на купола, но има и подземен простор за складирање.

9

4

Со прекумерна топлина и сушна клима, жителите на регионот, старите Персијци, имале потреба да се разладат и складираат храна во текот на летните месеци, и тогаш јакчалите биле од голема помош. Овие градби обезбедуваат простор и услови за складирање не само мраз, туку и многу видови храна што инаку брзо би се расипувале на високите температури.

7

Однадвор, градбите доминираат на хоризонтот со својата куполна форма, а одвнатре се интегрира систем за ладилник за испарување кое дозволува мразот и храната да останат ладни или дури и замрзнати додека се чуваат во подземните простории. Можеби звучи малку неверојатно дека Персијците чувале мраз среде пустина, но нивната техника, во суштина, не била толку комплицирана.

Јакчал ја користи ниската влажност на пустинската клима што го поттикнува испарувањето на водата (што ладењето со испарување го прави поефикасно) и поттикнува брзо ладење откако ќе зајде сонцето.

1

Во типичен јакчал водата се носела од блиските извори преку канат (ирански аквадукт) до јакчал, каде што замрзнува кога температурата ноќе е доволно ниска. Ѕидот во близина на јакчалот обично се градел во правец исток-запад. Вода се канализирала по северната страна на ѕидот, така што ладење во сенката на ѕидот ја лади водата пред да влезе во јакчалот. Понекогаш мразот се носел и од блиските планини и се складирал во јакчал.

Објектот овозможува ладниот воздух да се влева од влезот во подножјето на градбата и спушта се до најнискиот дел на јакчалот, големи подземни простори до 5.000 м3.

8.

5

Во исто време, високиот конусен облик на градбата ја носи сета преостаната топлина нагоре и надвор низ отворите на самиот врв на објектот, а преку овој активен процес воздухот внатре останува поладен од оној надвор. Јакчалот е изграден од единствен водоотпорен малтер наречен sarooј, што се состои од песок, глина, белки од јајца, вар, козји влакна и пепел во одреден размер, кој е отпорен на пренос на топлина и се смета дека е целосно водонепропусен. Овој материјал делува како ефикасна изолација во текот на целата година. Ѕидовите на sarooј се дебели најмалку два метри во подножјето.

12

Јакчалите понекогаш се опремени со bâdgirs (ветробрани или кули на ветер) изградени од кал или тула од кал во квадратни или кружни форми со отвори на врвот кои го насочуваат ладниот воздух низ внатрешните, вертикално поставени дрвени летви до водата или подземниот простор. Вâdgir може да функционира и како оџак, ослободувајќи топол воздух од врвот и извлекувајќи ладен воздух од отворот на основата или поврзаниот канат (воздухот во канатот се лади од подземниот тек). Многу домови во пустинските градови се опремени со bâdgir систем.

11

Мразот создаден и складиран во јакчал се користел во текот на целата година, особено за време на жешките летни денови за различни цели, вклучително и зачувување на храната, за разладување или за правење faloodeh, традиционален персиски замрзнат десерт.

Не само што јакчалите обезбедувале основни прехранбени ресурси, задоволства и мраз за кралското семејство и високите кралскли службеници, туку услугата била толку достапна што дури и најсиромашните слоеви на општеството можеле да ја користат.

6

Јакчалите веќе не се користат во модерното време, и иако некои од овие градби се оштетени и еродирани од пустинските бури, сепак, многу од нив може да се најдат недопрени низ Иран и некои од соседните земји, па се до Таџикистан. Употребата на терминот yakhchāl се задржала во регионот и денес, во денешен Иран, Авганистан и Таџикистан, најчесто се однесува на фрижидери кои се наоѓаат во модерните кујни.

2

3 10

Испрати коментар

Scroll To Top