Насловна / Вести / Израел отвори нов аеродром, веднаш покрај морето

Израел отвори нов аеродром, веднаш покрај морето

Израел го отвори новиот меѓународен  аеродром „Рамон“, во пустината на југот од земјата, кој ќе биде алтернатива за главниот аеродром Бен Гурион покрај Тел Авив. На отворањето присуствуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху. Аеродромот „Рамон“ во почетокот ќе користи само за домашни летови, а датумот за почеток на меѓународниот сообраќај сеуште не е утврден. Името го добил по Илан Рамон, првиот израелски астронаут кој загинал во експлозијата на американското вселенско летало Колумбија во 2003 година.

Во почетокот ќе има капацитет за 2 милиони патници годишно, но тој ќе се прошири на 4,2 милиона до 2030 година.

Аеродромот е оддалечен 18 километри од познатото летувалиште Еилат, и во близина е на јорданското пристаниште Акаба. Се смета дека новиот аеродром ќе го поттикне туризмот на Црвеното море.

izrael1

izrael2

izrael3

izrael4

izrael5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top