Насловна / Арт и дизајн / Изложбата, насловена „Славните портрети на Надар“ во Мала Станица

Изложбата, насловена „Славните портрети на Надар“ во Мала Станица

Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија имаат чест да ве известат и да ве поканат на отворањето на изложбата на најзначајниот француски фотограф во 19-тиот век и татко на современата фотографија, Надар, в четврток, 6 декември 2018 год., во 20 часот, во Мала Станица.
Изложбата, насловена „Славните портрети на Надар“, официјално ќе ја отворат:
- г-ѓа Дита Старова-Ќерими, директорка на Национална галерија на Македонија,
- Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција во Р. Македонија, и
- г-ѓа Лор Верон, кустос во Музејот Jeu de Paume.
Гаспар-Феликс Турнашон (1820 – 1910) станува Надар на дваесетгодишна возраст, а особено е познат по портретите на големите мислители, писатели и уметници од тој период: Теофил Готие, Марселин Деборд-Валмор, Жерар де Нервал, Гистав Доре, Бодлер и многу други.
Оваа екслузивна изложба од 41 репродукција е овозможена од Музејот Jeu de Paume.
Изложбата ќе биде отворена до 27 јануари 2019 година.

e_pokana Nadar-01

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top