Насловна / Арт и дизајн / Изложба „Уметност и архитектура“ на Меѓународниот Балкански Универзитет

Изложба „Уметност и архитектура“ на Меѓународниот Балкански Универзитет

Повеќе од 200 дела се дел од изложбата „Уметност и архитектура“ поставена во универзитетскиот кампус на Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ). Делата на зададената тема се изработени од студентите на Факултетот за уметност и дизајн и Факултетот за инженерство – студиска програма Архитектура.

izlozba

Поставката се состои од слики, цртежи, постери, креации за индустриски дизајн и фотографии од студентите од студиските програми за уметност и дизајн, макети, заедно со цртежи на резиденцијални објекти, ентериер, театри, јавни објекти, проекти за урбанизам и други објекти кои беа во фокусот на студентите по архитектура. Секој од експонатите претставува ново видување на предметите и објектите и нова естетика произлезена од свежата младешка енергија и креативност.

Изложбената поставка којашто е од отворен карактер за целата јавност, ќе биде достапна за посета до 31ви мај 2019 година, во универзитетскиот кампус на Меѓународниот Балкански Универзитет.

izlozba1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top