Насловна / Арт и дизајн / Изложба посветена на гардеробата на принцезата Дијана

Изложба посветена на гардеробата на принцезата Дијана

Изложбата насловена „Дијана, нејзината модна приказна“, отворена е во палатата Кенсингтон во Лондон, каде што принцезата престојувала повеќе од 15 години.

Ова е изложба на гардероба која принцезата Дијана, поранешната сопруга на принцот Чарлс, ја носела од влегувањето во кралската палата па се до нејзината смрт во 1997 година.изложба на лејди дијана во кенсингтон (7)

Посетителите имаат можност да ги видат сите модни комбинации кои од нејзиното прво појавување во јавност ги носела, и по коишто Лејди Ди била препознатлива.изложба на лејди дијана во кенсингтон (1)

Хронолошкото поставување на изложбата е еден вид модна ревија, но, исто така, ги претставува и трансформациите на стилот на принцезата.изложба на лејди дијана во кенсингтон (2)

Меѓу експонатите е и комбинацијата што таа ја носела за време на танцот со актерот Џон Траволта во Белата куќа, пренесуваат медиумите.изложба на лејди дијана во кенсингтон (3)

Изложбата ќе биде отворена до март 2018 година.изложба на лејди дијана во кенсингтон (4)

Принцезата Дијана во 1996 година се разведе од принцот Чарлс, а една година подоцна, таа починала во сообраќајна несреќа во Франција.изложба на лејди дијана во кенсингтон (5) изложба на лејди дијана во кенсингтон (6)

Испрати коментар

Scroll To Top