Насловна / Арт и дизајн / Изложба „Османлиските културни белези во Македонија“ во Чифте амам

Изложба „Османлиските културни белези во Македонија“ во Чифте амам

izlozba vo cifte amam
Во Галеријата „Чифте амам“ утре ќе биде отворена изложба „Османлиските културни белези во Македонија“, организирана од Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од Скопје и Завод и Музеј – Битола.

Автор на изложбата е Даниела Николова. Таа ќе претстави експонати со декоративни елементи, направени меѓу 16 и 19 век во Македонија, карактеристични и раскошни флорални  мотиви и геометриски орнаменти кои се поврзуваат со исламската уметност во времето кога се создавани.

„Од богатиот спектар на влијанија на различни култури во Македонија, се издвојува влијанието на османлиската култура и уметност, кои имаат значајна улога низ вековите наназад, претставувајќи неразделен дел од заедничкото културно наследство… Духот на едно минато време, збогатено со културни и уметнички влијанија од турско-османскиот период е видлив и во градителските и занаетчиските традиции во Македонија“, соопштија организаторите.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top