Насловна / Вести / Изложба на Зени Балажи во Мала станица

Изложба на Зени Балажи во Мала станица

izlozba mala stanica_1

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, утре (17.10.) во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на ликовниот уметник Зени Балажи од Косово.

На оваа изложба, Зени Балажи ќе се претстави со седум инсталации, кои по својата стилска определба припаѓаат во мултимедијалниот или интердисциплинарниот ликовен дискурс. Овој проект-изложба ги опфаќа темите што го унапредуваат сестраниот културен национален развој, субстанционалниот развој на уметноста како и тенденцијата за мир нa oвиe прocтoри.

izlozba mala stanica_2

Изложбата ја сочинуваат разновидните искуства на современата уметност како што се сликарство, видео-инсталација  и прeзeнтaциja нa сите нови мултимедијални техники на визуелната уметност. Во овој состав се опфатени новите културни и уметнички наследства, унапредувани во современа, модерна креација и визуeлнa тeхникa.

Зени Балажи е професор по Концептуална уметност на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, има реализирано повеќе изложби во Европа, и има изработено сценографии за повеќе од 10 филмови, стотици дизајнерски решенија…

Испрати коментар

Scroll To Top