Насловна / Вести / Изложба на „Варг е Ви“ – уметничка група од Косово

Изложба на „Варг е Ви“ – уметничка група од Косово

kosovo izlozba mala stanica

Во Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, вечерва во 20 часот, ќе биде отворена изложба на уметничката група „Варг е Ви“ од Косово насловена „Посттранзициска релевантност: комбинација од неколку партии на вечери, (Еден поглед кон косовската современа уметност)“.

„Варг е Ви“, составена од Јетон Муја, Авни Шкодра, Дин Азизи, Авни Рудаку, Артан Хајрулаху, Куштрим Зеќири и Бесим Бафтиу, е мултимедијална уметничка група од Гнилане, Косово, што се изразува во различни уметнички дисциплини.

Според организаторот, ваквиот широк дијапазон на креативна експресија е предност за целата група и за содржината на нивните презентирања, бидејќи станува збор за интелектуална анимација на повеќето сетила и чувства. Актуелното секојдневие ги засега и овие автори и тие го вклучуваат тоа и во своите инсталации, глуми, перформанси, музика, поезија.

– „Варг е Ви“ е една од можните опции – платформа за следење на развојот на концептуалната уметност во посттранзициско Косово и нивните дела во себе ги вклучуваат сите реминисценции од транзицијата во политичка, културна, идентификувачка смисла. Вториот дел од насловот на проектот „Посттранзициска релевантност: комбинација од неколку партии на вечери“ е резултат на синонимот на различноста, мултимедијалноста, контекстуалноста и секако во себе ја содржи двосмислената манипулативна порака „нешто се крчка“ или „ќе ни зготват нешто“, кованици што се користат и при детерминација на политички потези, –  се наведува во информацијата за изложбата.

Испрати коментар

Scroll To Top