Насловна / Арт и дизајн / Изложба на Матис во МоМА

Изложба на Матис во МоМА

matis vo moma

Со повеќе од 460.000 посетители од отворањето, во пролетта оваа година, до затворањето на изложбата на Анри Матис The Cut-Outs во галеријата Тејт Модерн во Лондон, овој настан стана најпопуларниот од ваков вид во Англија во последните седумнаесет години. По речиси пет успешни месеци во Лондон, изложбата е преселена во МоМА во Њујорк, каде што на посетителите ќе ѝ биде достапна до 6 февруари следната година.
За разлика од поставката во Тејт, која се состоела од дела создадени помеѓу 1937 и 1954 година, во МоМА за првпат по дваесет години е изложен најголемиот и најамбициозниот труд од овој период – La Pisine (Базен), создаден во 1952 година.
Моќта и експресивноста на Матисовите колажи се наоѓа во едноставноста, не само во однос на природата на формите туку и во процесите на настанувања. Овие дела се создадени од едноставни материјали со користење на основните техники, со кои Матис претставата ја редуцира на есенцијални делови, како што се боја, форма и цртеж.

Испрати коментар

Scroll To Top