Насловна / Вести / „Млада Босна и сараевскиот атентат“ во Музејот на Македонија

„Млада Босна и сараевскиот атентат“ во Музејот на Македонија

saraevski atentat vo muzej na makeodnija

Во Музејот на Македонија денеска ќе биде отворена изложбата на архивски документи „Млада Босна и сараевскиот атентат“, подготвена од Архивот на Република Српска во Бања Лука по повод 100-годишнината од Првата светска војна.

Изложбата е составена од 38 паноа на кои се претставени 249 експонати и е поделена на пет хронолошко-тематски целини: Млада Босна, Подготвувачи и извршители на сараевскиот атентат, Сараевскиот атентат, Јулската криза во 1914 година, и Страдањата на Србите во Босна и Херцеговина.

Презентирањето на изложбата во Скопје е резултат на соработката меѓу Државниот архив на Република Македонија и Архивот на Република Српска, за која беше потпишан протокол на 9 април 2012 година во Бања Лука.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top