Насловна / Вести / Изградбата на болницата во Вухан завршена за 10 дена (видео)

Изградбата на болницата во Вухан завршена за 10 дена (видео)

Во Вухан, градот кој е жариште на новиот вирус, во рекорден рок е изградена болница со 1.000 кревети за пациенти заразени со корона вирус.

кина1_resize

Под будното око на камерите кои во живо ја пренесуваа изградбата, работниците во Вухан ја изградија болницата за само 10 дена, токму како што на 25. јануари беше и најавено. Вухан за изградбата на болницата го користел искуството од Пекинг, од време на борбата против вирусот САРС 2003. година, кога во предградието на главниот град на Кина за една недела е изградена болница во која се лечени една седмина од сите заразени пациенти.

кина2_resize

Како што се гледа на фотографиите, користен е најбрзиот метод на изградба, спојување на модуларни контејнери во функционални целини. На израмнет терен поставен е геотекстил со водонепропусни слоеви кои се подлога за бетонската плоча. На плочата се поставени гредите кои не само што овозможуваат место да поминат инсталациите, туку и го спречуваат потенцијалното загадување на тлото.

кина5_resize

На гредите се поставени контејнери од изолациони панели, кои лесно се комбинираат за да се добие потребната функција. Во овој случај тоа е болница со 1.000 кревети.

Корона вирусoт има низа симптоми како висока температура, кашлица и тешкотии при дишење. Сеуште не се знае колку е вирусот смртоносен, но се прави голема медиумска паника. Иако тешките случаи доведуваат до воспаление на белите дробови и смрт, поголем дел од заболените се со поблаги симптоми и вирусот е излечиви, а има заразени и со благи симптоми каде болета не се ни забележува. Најголем дел од оние кои досега страдале имале предходни здравствени проблеми, биле постари и со ослабен имунитет, всушност што неретко се случува и кај останатите типови на грип.

кина3_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top