Насловна / Вести / Изградба на спортско игралиште во Автокоманда

Изградба на спортско игралиште во Автокоманда

igraliste vo avtokomanda_1
Во населба Автокоманда на улицата „Трифун Хаџијанев“ се изврши асфалтирање на спортско игралиште над постојни подземни гаражи, со димензии 25 х 18 m.

На игралиштето се планира изведба на заштитна мрежа со висина од четири метри и поставување на опрема за баскет и мал фудбал.

Општина Гази Баба за овие активности одвои околу 600 илјади денари од сопствениот буџет, а изведувач на асфалтерските и изолатерските работи е фирмата „Изолација“ од Скопје.

igraliste vo avtokomanda_2

Испрати коментар

Scroll To Top